РОЈАЛ Васе е фамилијарна фирма. Денеска работи стабилно, исто какви што се и нејзините градби. Во текот на годините имаме изведено градежни работи на преку 180 објекти низ Република Македонија. Денеска сме посветени на инвестирање во станови кои се градат според наши стандарди, кои се за нијанса повисоки и построги од стандардните згради. Нивото на квалитет го дефиниравме во согласност со ИСО9001 и ИСО50001 стандардите со кои сме сертифицирани на меѓународно ниво од ТУВ НОРД; како и од најважниот за нас критериум - ОЦЕНКАТА НА КУПУВАЧИТЕ! Токму затоа кај нас повторно купуваат исти клиенти.
Она што нé разликува од другите е пораката од нашиот татко, која денеска строго ја применуваме: НЕ Е САМО ДО УПОТРЕБАТА НА КВАЛИТЕТЕН ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ, ТУКУ И ДО НАЧИНОТ НА КОЈ ИСТИОТ СЕ ВГРАДУВА.
ГРАДИМЕ КАКО ЗА СВОЈА ДУША.
НАШИ ОБЈЕКТИ
МАЏАРИ-ХИПОДРОМ
Шест станбени единици се распоредени во два засебни објекти. Овие два објекти нудат можност за интимност и мирен живот. Станбените единици се со три спални соби, што ги прави погодни за фамилии со деца, особено за тие што работат од дома или бараат живеалиште надвор од градскиот метеж. Близината до училишта и до главната улица во Маџари, ги прави овие два објекти привлечни за луѓе кои бараат мирно окружување со можност за паркирање без проблеми.
ОХРИДСКА 44
Објектот се наоѓа на ул. Охридска бр. 44 во центарот на градот. Во непосредна близина е Народната банка, трговскиот центар ВЕРО ЏАМБО, како и железничка станица. Поради добрата инфраструктурна поврзаност, локацијата е погодна за канцеларии, како и за домување. Покрај близината на основни и средни училишта, факултети, блиску е и кејот на Вардар, па со својата микро поставеност и неизложеност на главна улица овој објект нуди комфорно домување особено за фамилии со деца кои имаат потреба од брз пристап до секојдневните потреби.
Објектот поседува 22 станбени единици проектирани со една, две или три спални соби.
БОТЕ БОЦЕВСКИ 1Г, СКОПЈЕ
Неретко се среќаваат луѓе што не сакаат да живеат во голема зграда со многу станови, особено оние кои претходно живееле во куќа и сакаат да си го задржат интимниот стил на живеење. Градејќи зграда со само 9 станови, сметаме дека го постигнавме тоа.
Изградивме модерен станбен објект во населба Кисела Вода, позади студентскиот дом Пелагонија на ул. Боте Боцевски 1Г, на само 15 мин. пеш од градскиот плоштад. Изграден е на улица која има одлична сообраќајна поврзаност со главни булевари и улици.
Оваа локација ги нуди сите предности на урбаниот стил на живеење. Во близина на објектот се наоѓа средното економско училиште Васил Антевски Дрен, студентскиот дом Пелагонија, основното училиште Партение Зографски, детска градинска Весели Цветови – Мимоза, трговскиот центар Кисела Вода. Исто така во близина имате голем број на кафулиња, продавници за здрава храна, пиљари кои работат 24/7, поголеми маркети како Рептил, Веро, Тинекс. Во близина имате и голем број на бутици за облека и чевли, голем број на банки како Стопанска Банка, Шпаркасе Банка, Халк Банка, НЛБ Тутунска банка и други институции кои ќе ги задоволат потребите за секојдневно функционирање на сите членови на семејството, од најмали до најстари, и сите тие не повеќе од неколку минути пеш. Паркинг просторот е решен со изведба на подземни и надземни паркинг места кои се наменети само за станарите.
Сите станови се проектирани со големо внимание и посветеност, за да изобилуваат со природна вентилација и природна светлина, со висок квалитет и да нема загуба на површини. Зградата се одликува со големи прозори, модерни балкони на поткровјето и модерна фасада, што ја прави уникатна и се истакнува во околината. Не е задушена од околни згради и има доста сончева светлина. Она чувство на куќа и на интимен, пријатен дом успеавме да го постигнеме уште на влезот во зградата, движејќи се низ ходниците украсени со слики кои даваат амбиент и елеганција на просторот. Писмените препораки од нашите задоволни клиенти се причина плус за Вашиот иден дом да го купите токму кај нас.
Градиме како за своја душа.
БАНСКО 9, СКОПЈЕ
Во денешно време на динамично секојдневие, со гужви и трчаници, секој човек тежнее да избега од градскиот метеж, но сепак да биде не е многу далеку од своето работно место и централното градско подрачје. Зарем не е идеално? Ние ви го овозможивме токму тоа. Изградивме станбен објект на одлична локација за сите оние кои сакаат да живеат во помирна населба, но сепак да се на неполни 10тина минути до центарот на градот.
Размислувавме како на станарите да им ги пружиме предностите што ги нуди периферниот стил на живеење, а сепак да не мора за секоја мала потреба да користите превоз. Токму тоа го постигнавме со изборот на локацијата и изградбата на нашиот објект во населба Црниче, на ул. Банско 9.
Мирна средина, со чист воздух, многу зеленило и голем број на игралишта каде може да го поминувате времето со вашите најмили. Кога одите низ населбата имате чувство како да не сте во Скопје, туку како да сте во некое мало градче, каде се живее мирно и без гужви. Со оглед на тоа дека објектот не е на прометна улица, ваквата средина е безбедна за вашите мали деца кога си играат надвор. Чистиот воздух навистина се чуствува и веднаш на 3км оддалеченост се наоѓа средно Водно, што е одлично за оние кои сакаат рекреација и пешачење.
Чувството на пријатност и топлина на дом се создава уште на самиот влез на зградата, со убав модерно дизајниран влез и понатаму кога ќе влезете во зградата, движејќи се низ ходниците со автоматски светла по скалите како и функционалниот и модерен лифт, кои го олеснуваат секојдневието на станарите. Самата зграда има модерна фасада, која се истакнува во околината и овој објект го прави единствен, а становите во неа имаат големи прозорци од каде има неверојатен поглед кон градот, особено навечер кога светлата на градот создаваат магија која не се опишува, мора само да се види и доживее. Станарите, нивните деца и најмили уживаат во удобноста на нивните домови кои се проектирани со максимално искористена површина, со многу природна светлина и со природна вентилација. Нема загуба на површини и има вградени елементи на фенг шуи.
Писмените препораки од нашите задоволни клиенти се причина плус за Вашиот иден дом да го купите токму кај нас.
Градиме како за своја душа.
МИШКО МИХАЈЛОВСКИ 57, СКОПЈЕ
Урбаниот стил на живеење е незаменлив. Постојано сте во тек со градските случувања, во непосредна близина имате средни и основни училишта, градинки, кафулиња, продавници за здрава храна, пиљари, големи маркети, банки, бутици за облека и чевли, трговски центри и сите други институции кои им се потребни на граѓаните за секојдневно функционирање и сите тие не повеќе од неколку минути пеш.
Токму затоа одбравме локација која е на само 15тина минути пеш од градскиот плоштад. Овој модерен станбен објект се наоѓа во населба Кисела Вода на ул. Мишко Михајловски бр. 57, позади студентскиот дом Пелагонија, при што е водено сметка да објектот се наоѓа во чиста околина, каде во близина има многу зеленило, голем број на паркови и детски игралишта каде може да го поминувате времето со вашите најмили. Иако се наоѓа во високо урбанизирана средина и се ви е на дофат, околината е мирна и нема галама дури и со отворени прозори.
Околу објектот има многу развиена сообраќајна инфраструктура било да одите пеш, со кола или да користите јавен градски превоз. Таа сообраќајна поврзаност ги вклучува бул. Борис Трајковски, ул. Христо Татарчев, ул. Ѓорѓи Димитров, ул. Народни Херои итн.
Се работи за мал станбен објект со вкупно 12 станови, кои се проектирани со максимално искористена површина, со многу природна светлина и со природна вентилација, без загуба на површини, така што станарите, нивните деца и најмили уживаат во удобноста на нивниот дом и создаваат убави моменти. Чувството на пријатност и топлина на дом се создава уште кога ќе влезете во зградата, движејќи се низ ходниците украсени со слики со цветови кои даваат амбиент и свежина на просторот. Тука се и автоматските светла по скалите и низ ходниците како и функционалниот и модерен лифт, кои го олеснуваат секојдневието на станарите.
Писмените препораки од нашите задоволни клиенти се причина плус за Вашиот иден дом да го купите токму кај нас.
Градиме како за своја душа.
ВЕРА ЈОЦИЌ 9, СКОПЈЕ
Модерен станбен објект во населба Кисела Вода, на ул. Вера Јоциќ бр.9, спроти влезот на економското училиште Васил Антевски Дрен. Одлична локација на само 15тина минути пеш до градскиот плоштад. Се наоѓа во непосредна близина на објектите кои ги имаме градено на ул. Боте Боцевски 1Г и на ул. Мишко Михајловски бр.57.
Водено е сметка при избор на локацијата за градење која се наоѓа во високо урбанизирана средина. Исто така кога се избираше локацијата е посветено внимание на тоа да објектот да се наоѓа во чиста околина, така што во близина има многу зеленило, голем број на паркови и детски игралишта каде може да го поминувате времето со вашите најмили.
Улицата Вера Јоциќ има одлична сообраќајна поврзаност со главни улици и булевари, како на пример : бул. Борис Трајковски, ул. Христо Татарчев, ул. Ѓорѓи Димитров, ул. Народни Херои итн. Во близина на објектот се наоѓа средното економско училиште Васил Антевски Дрен, студентскиот дом Пелагонија, основното училиште Партение Зографски, детска градинската Весели Цветови – Мимоза, трговскиот центар Кисела Вода. Во близина има голем број на кафулиња, продавници, пиљари кои работат 24/7, поголеми маркети како Рептил, Веро, Тинекс. Во близина имате и голем број на бутици за облека и чевли, голем број на банки како Стопанска Банка, Шпаркасе Банка, Халк Банка, НЛБ Тутунска банка и други институции кои им се потребни на граѓаните за секојдневно функционирање и сите тие не повеќе од неколку минути пеш. Паркинг просторот е решен со изведба на подземни и надземни паркинг места кои се наменети само за станарите.
Околу објектот има развиена сообраќајна инфраструктура било да одите пеш, со автомобил или да користите јавен градски превоз. Со изборот на локацијата е внимавано станарите да ги имаат сите предности кои ги нуди урбаното живеење.
Објектот е само станбен, наменет за живеење и за издавање. Становите се проектирани со максимално искористена површина, со многу природна светлина и со природна вентилација, особено во кујната. Нема загуба на површини и има вградени елементи на фенг шуи, така што вие, вашите деца и најмили ќе уживате во удобноста на вашиот дом и ќе создавате убави моменти.
Штедете енергија и пари живеејќи во објект проектиран и граден НАВИСТИНА со А класа енергетска ефикасност.
Градиме како за своја душа.
ДИЧО ПЕТРОВ 6, СКОПЈЕ
Дали некогаш сте си ја замислувале Вашата совршена локација за живеење? Во урбано подрачје на градот, но сепак тивко, училиште за Вашите најмили во непосредна близина, добра инфраструктурна поврзаност. Звучи идеално зарем не?
Објектот на ул.Дичо Петров бр.6 е само 1.9км оддалечен од градскиот плоштад. Основното училиште Партенија Зографски е во непосредна близина, така што нема да морате да се грижите за безбедноста на Вашето дете на патот до училиште, додека автобуската постојка за линијата 24 е на само 200 метри. Тука можете да ја почуствувате убавината на модерното и урбано живеење, без да се откажете од тивкиот и мирен начин на живеење, без градската бучава.
Становите во овој објект се проектирани со многу внимание и посветеност така што е постигната најголема ефикасност во искористувањето на просторот. Внатрешниот простор изобилува со природна светлина, како и вградена топлинска изолација што ќе придонесе до голема заштеда на енергијата и пониски трошоци за домување. Како во претходите така и во овој објект ќе биде посветено големо внимание како на конструктивните така и на завршните материјали со цел да се обезбеди највисок можен квалитет, бидејќи ние во РОЈАЛ Васе ГРАДИМЕ КАКО ЗА СВОЈА ДУША.
ЧЕДОМИР КАНТАРЏИЕВ 22 – ЦРНИЧЕ, СКОПЈЕ
Дали сте во потрага по мирна оаза во која ќе бидете изолирани од градската бука, но сепак доволно блиску до центарот на градот? Тогаш вистинската населба за Вас е Црниче. Стара скопска населба со местоположба која нуди тивка околина, добра инфраструктурна поврзаност и поглед кој никогаш не престанува да воодушевува. Црниче е населба во подем и има се што му е потребно на едно семејство. Во непосредна близина има маркети, колонијали, автобуска станица. И сето тоа е на само неколку минути оддалеченост!!! Сето ова споено со квалитетот на градба кој ние го нудиме, добивате домување со повисоки стандарди.
Становите во објектот Чедомир Кантарџиер 22 се внимателно проектирани за најдобро искористување на просторот, имаат функционален распоред и многу природна светлина. Нашите објекти се одликуваат со А класа енергетска ефикасност, каде ќе се чуствувате удобно, а истовремено ќе штедите енергија.
На оваа локација Вие и вашите најмили ќе дишете почист воздух, ќе имате можност да пешачите заедно до училиштето кое е во непосредна близина и да создавате моменти за паметење.
ГРАДИМЕ КАКО ЗА СВОЈА ДУША.
ГЕОРГИ ДИМИТРОВ 17Б, СКОПЈЕ
Модерен станбен објект на ул. Георги Димитров бр.17Б во населба Кисела Вода, во непосредна близина на економското училиште Васил Антевски Дрен. Објектот се наоѓа во мирна урбана средина а сепак блиску до центарот на градот. Околу објектот има развиена сообраќајна инфраструктура било да одите пеш, со автомобил или да користите јавен градски превоз. Во близина на објектот се наоѓаат основните училишта Партенија Зографски и Круме Кепески, детската градинска Весели Цветови – Мимоза, трговскиот центар Кисела Вода, како и голем број на продавници, маркети, банки и други институции.
Објектот брои 20 станбени единици, секоја од нив проектирана со максимално искористена површина, многу светлина и природна вентилација. Во однос на конструктивните и завршните материјали, користени се материјали кои овозможуваат заштеда на енергија а истовремено нудат висок квалитет и удобност.
ГРАДИМЕ КАКО ЗА СВОЈА ДУША.
РИЛСКИ КОНГРЕС 98, СКОПЈЕ
Модерен станбен објект на улица Рилски Конгрес број 98 во населба Црниче, Општина Кисела Вода, во непосредна близина на ресторан Биљана. Објектот се наоѓа на падините на Водно на 1,9км од центарот од каде се пружа поглед на градот. Објектот се наоѓа на пристапна улица која е поврзана со организиран градски превоз.
Објектот е проектиран со 4 станбени единици кои ќе ги задоволат сите стандарди за топол современ дом.
На 06.03.2021 година поставена е темелна плоча.
МИХАИЛ И ЕФТИХИЈ 31, СКОПЈЕ
Модерен станбен објект на улица Михаил и Ефтихиј број 31 во населба Кисела Вода, на улицата позади Економското Училиште Васил Антевски – Дрен. Објектот се наоѓа во модерна урбана средина на 1,5км. од цетралното градско подрачје. Поставен е на пристапна улица и во непосредна близина се наоѓа и автобуска постројка за организиран градски превоз. Во близина е Основното Училиште Кирил Пејчиновиќ како и градинката Весели Цветови клонот Сончоглед. Во околината има голем број на маркети, банки, продавници, бензинска пумпа како и други институции.
Објектот е проектиран со 44 станбени единици кои ќе ги задоволат сите стандарди за топол современ дом.
На 03.03.2021 година поставена е темелната плоча.
About
Use this section to showcase important details about your business.
Everything you see here is responsive and mobile-friendly.
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nulla nec massa enim. Aliquam viverra at est ullamcorper sollicitudin. Proin a leo sit amet nunc malesuada imperdiet pharetra ut eros.
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nulla nec massa enim. Aliquam viverra at est ullamcorper sollicitudin. Proin a leo sit amet nunc malesuada imperdiet pharetra ut eros.
Mauris vel nunc at ipsum fermentum pellentesque quis ut massa. Cum sociis natoque penatibus et magnis dis parturient montes, nascetur ridiculus mus. Maecenas non adipiscing massa. Sed ut fringilla sapien. Cras sollicitudin, lectus sed tincidunt cursus, magna lectus vehicula augue, a lobortis dui orci et est.
YOUR SKILL #1
YOUR SKILL #2
YOUR SKILL #3
YOUR SKILL #4
YOUR TEAM
Prove that you have real people working for you, with some nice looking profile pictures and links to social media.
ASHLEY SIMMONS
Project Manager
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nunc dapibus, eros at accumsan auctor, felis eros condimentum quam, non porttitor est urna vel neque
TIMOTHY SPRAY
Art Director
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nunc dapibus, eros at accumsan auctor, felis eros condimentum quam, non porttitor est urna vel neque
TONYA GARCIA
Account Manager
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nunc dapibus, eros at accumsan auctor, felis eros condimentum quam, non porttitor est urna vel neque
JASON LANE
Business Development
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nunc dapibus, eros at accumsan auctor, felis eros condimentum quam, non porttitor est urna vel neque
Пирамидите во Египет Пирамидите првично биле прекриени со сјаен мермерен слој. Тој допринесувал кон нивната монументалност и вистински ја праставувал големината на фараоните. Тие со тој слој би биле видливи дури од планините во Израел. Но за жал овој слој е разрушен за време на повеќе…
Светлите бои се враќаат во уредувањето на просторот и тоа на голема врата. Во продолжение следуваат шеми и предлози за тоа како да ги примените. Доколку не сте сигурни со боите, започнете со светли декорации за да видите дали ќе ви се допадне. Деталите прават повеќе…
Лубезност со клиентите а пред се професионалност во работата.
Препорака за: Купување на стан
Благоја Стеваноски
Задоволна сум од целокупната работа во изградбата на станови. РОЈАЛ Васе се инвеститори од доверба, исполнителни во однос на договореното
и секогаш љубезни со своите клиенти.
Препорака за: Купување на стан
Маја Бањанска
Почитувањето на роковите е нивна основна вредност и темел на сите активности.Во врска со градбата би кажал дека градат квалитетно со солидни материјали и добра изолација.Во мојот случај условите според договорот се исполнети, и за мене најважно станот беше завршен на време согласно договорот.
Препорака за: Купување на стан
Зоран Станковски
Секој што сака да купи стан им го предлагам РОЈАЛ Васе. Како што се договоривме, така бидна.
Препорака за: Купување на стан
Тони Младеновски
Продавачот, РОЈАЛ Васе, одликува со голема професионалност во работата, што подразбира примена на современи стандарди во областа на изградба на станови за домување, употребата на квалитетен градежен материјал, запазување на договорени рокови, постојана комуникација со купувачите на становите. Она што особено остава впечаток е љубезниот однос на вработените, постојаната комуникација и достапност во секое време.
Препорака за: Купување на стан
Гордана Трајкова Костовска
Од РОЈАЛ Васе купив стан на ул.Банско бр.9. Станот е изведен согласно договорот и барањата, без забелешки.
Препорака за: Купување на стан
Петрушевски Ѓорѓи
Само пофални зборови за фирмата РОЈАЛ Васе. Одличен квалитет, одлична соработка и запазување на рокови. Ги препорачувам како инвеститори од каде може да купите наистина квалитетен стан.
Препорака за: Купување на стан
Елена Мирчовска
Коректен и професионален однос. Исполнети услови според договорот и искажана добра воља за одредени интервенции по наше барање.
Препорака за: Купување на стан
Ангелчо Панов
Јас Горан Петровски од Пробиштип сопственик на стан 9 изјавувам дека сум особено задоволен од соработката со РОЈАЛ Васе. Нивниот оснос кон клиентите е сосема коректен и пријателски. Немам никакви замерки кон нивниот однос и само да ги пофалам за нивната професионалност.
Препорака за: Купување на стан
Горан Петровски
Станот што го купив од РОЈАЛ Васе е квалитетно направен и завршен на време согласно договорот. Кога ќе влезам во станот имам чуство на топлина и конфор.