ГЕОРГИ ДИМИТРОВ 17Б, СКОПЈЕ

Модерен станбен објект на ул. Георги Димитров бр.17Б во населба Кисела Вода, во непосредна близина на економското училиште Васил Антевски Дрен. Објектот се наоѓа во мирна урбана средина а сепак блиску до центарот на градот. Околу објектот има развиена сообраќајна инфраструктура било да одите пеш, со автомобил или да користите јавен градски превоз. Во близина на објектот се наоѓаат основните училишта Партенија Зографски и Круме Кепески, детската градинска Весели Цветови – Мимоза, трговскиот центар Кисела Вода, како и голем број на продавници, маркети, банки и други институции.