Зошто да купите НОВ стан од инвеститор, а не од физичко лице – од даночен аспект?

При купување на НОВ стан е важно да се знае дали лицето од кое се купува станот е физичко или правно лице. На остварениот промет на недвижности се плаќа данок на промет на недвижности.
Што е промет на недвижности, како настанува и кој го утврдува?

Под промет на недвижности, се смета преносот со и без надоместок на правото на сопственост, како и друг начин на стекнување на недвижности со и без надоместок меѓу правни и физички лица. Обврзник на данокот на промет на недвижности е правно и физичко лице -продавач на недвижноста, освен ако во договорот за купопродажба не е поинаку одредено. Во купопродажниот договор може да се одреди данокот да се плати по пола или да го плати купувачот. Основа на данокот на промет на недвижности е пазарната вредност на недвижноста во моментот на настанувањето на обврската. Стапката на данокот на промет на недвижности е пропорционална и изнесува 3%. Висината на стапките со одлука ја утврдува советот на општината. Даночната обврска на данокот на промет на недвижности настанува со денот на склучувањето на договорот за пренос на правото на сопственост на недвижности, односно на замена на недвижностите.

danok11

Зошто е поисплатливо да купите нов стан од инвеститор?

Покрај оние редовни трошоци кои доаѓаат во пакет со стариот стан како што е реновирање и слично, доаѓа и трошокот во форма на данок на промет на недвижности. Меѓутоа следува ослободување од даночната обврска за данокот од промет врз основа на закон кој предвидува ослободување од данок на првиот промет за станбени објекти и станови. Со ваков вид на ослободување реално се намалува вкупната сума на за плаќање до стекнување на сопственоста над недвижниот имот.