Изненадувачки факти за архитектурата за кои веројатно не сте слушнале

Aрхитектурата била олимписки спорт
Иако веќе заборавена како олимписка дисциплина, архитектурата била важен дел од Олимпијадата од 1912 до 1948. За прв пат била вклучена во 1912 на Олимпијадата во Стокхолм. Темата на која се натпреварувале била „Планирање на модерен град“ . Златен медал земале двајца швајцарски архитекти кои направиле проект за стадион.

Olympic_Stadium_Amsterdam_1928

Компанијата ЛЕГО правела коцки специјално за архитекти
Идејата настанала случајно, додека синот на основачот на ЛЕГО градел куќа. Тој со коцките сакал да изгради макета со која ќе им ја покаже на градежниците својата замисла. Но коцките не одговарале на пропорциите на циглите. Така настанале „Модулекс“, коцки кои биле базирани на вистински цигли. За жал во 1970 компанијата престанала да ги прозиведува.

modulex3

The Sims на почетокот била замислена да биде архитектонски симулатор
Една од најпопуларните  игри се која се појави во 2000 година, првенствено била замислена да биде архитектонски симулатор.  Идејата била да корисниците дизајнираат куќа и потоа да можат да се движат низ неа, што би ја олеснило презентацијата пред клиентите.

SimCity_2000_-_portada_DOS_ESP

Дали знаете колку долго се градел Кинескиот ѕид?
Од почетокот до крајот на изградбата на Кинескиот ѕид, поминало повеќе време од почетокот на христијанството па до денес. Идејата за да се изгради ѕид кој ќе ја заштити империјата од непријатели започнала околку 206 година, а со реализација се започнало колку 221пне. Целата изградба траела 2600 години.

9762488256_d0578a4265_k