Светлите бои се враќаат во уредувањето на просторот и тоа на голема врата. Во продолжение следуваат шеми и предлози за тоа како да ги примените.
Доколку не сте сигурни со боите, започнете со светли декорации за да видите дали ќе ви се допадне. Деталите прават инстантна промена , а во исто време се и ефтино решение и лесно е да се променат во кое време и да посакате.
Кога се работи за боите во дневната соба, можете да користите скоро па се. Доколку сте смели земете ја четката и обојте ги ѕидовите во боите кои најмногу ви се допаѓаат. На пример осветлете ја темната соба со светло сина или портокалова. За разлика од дневната соба, спалната, поради големината на мебелот, не трпи многу топли бои. Најдобро е да се користат ладни бои кои во комбинација со некое убаво светло ќе даде ефект на убаво уредена соба, а во исто време ќе делува смирувачки.
За простори во кои не поминувате многу време можете да комбинирате и бои од истата на страна на хроматскиот круг, како на пример розева и портокалова. Овие бои сметаат за бои кои ги разбудуваат и стимулираат сетилата, поради тоа се користат ретко и во простории кои се предвидени да остават впечаток.
Интересна комбинација на бои е спој од темни бои, како црна, тегет и слично со некоја силна боја како жолтата. Се добива простор кој во исто време е смирувачки и не е здодевен. Можете да направите повеќе варијации, како на пример темните бои да ги користите на мебелот, а светлите на декорациите, ѕидовите или обратно.
Сепак многу пати се случува да станеме скептични и да се плашиме од тоа дали ќе биде претераме и дали сето тоа ќе биде добро. НО постои начин ова да се избегне. Направете една палета на бои кои сакате да ги користите и држете се до нив. На тој начин нема да згрешите. Вашиот дом ќе биде уреден стилски, модерно и со многу вкус.