Француски стил на уредување: 5 едноставни правила за убаво уреден дом

Денес  ви подготвивме 5 правила на францускиот стил за уредување на домот со кои ќе добиете едноставен и шик животен простор.

  1. Почитувајте го потеклото на стилот

Францускиот начин на уредување потекнува од 17 и 18 век и по овој терк биле уредени повеќето станови во Франција во тој период. Од тогаш па до сега овој стил доживеал свои промени со цел да се адаптира на модерното живеење, но останал доследен на „практичниот луксуз“ кој го карактеризира.

french-interior-design-rules-abkasha-1501513327

  1. Не претерувајте со декорациите

Некогаш повеќе е помалку. Така што наместо шарени килими или тапети зачинете го просторот со масивен лустер или некое друго каратеристично парче мебел. Просторот треба да изгледа природно.

french-interior-design-rules-03-1501273714

  1. Употребете ги старите парчиња мебел

Винтиџ мебелот секогаш изгледа одлично, но често тешко се наоѓа. Не брзајте да купите нешто ново, побарајте по антикварниците и во гаражите на вашите родители. Сигурно ќе најдете нешто интересно.

french-interior-design-rules-alice-wietzel-1501515228

  1. Нема бои кои не се дозволени

Поиграјте си со боите. Овде нема правила. Францускиот начин на уредување почнува од целосно бели ентериери па се до силни и пастелни бои кои ќе го направат просторот интересен.

french-interior-design-rules-01-jpg-1500990929

  1. Не им верувајте на трендовите

Трендовите често се менуваат. Она што оваа година било модерно за две години може да изгледа чудно, а вие да останете со лошо уреден дом. Затоа не ги следете трендовите туку држете се до класичното, тоа никогаш не излегува од мода.

french-interior-design-rules-08-1501535868