Дали знаете кој е креатор на најпознатите архитектонски дела во светот?

Ајфелова Кула

Проектот за кулата прв пат бил презентиран на Светски саем (Exposition Universialle) кој во тоа време се оддржувал во Париз и бил  место каде се презентирале новите инвенции.  Проектот го бил изведен од страна Александар Густав Ајфел. Иако сите заслуги  му се препишани нему,  оригиналниот план всушност бил замислен од двајца помалку познати архитекти Маурис Куклон  и Емил Нугие кои работеле за Ајфел. Додека главен архитект на проектот бил Стефан Сувест. Ајфеловата Кула била изградена за 100та годишнина од Француската револуција и била замислена да остане таму само 20 години, но за тоа време градот сфатил дека кулата како таква може да помогне во телекомуникацијата. Парижаните не ја сакале бидејки сметале дека е грдо здание кое го уништува погледот на париското небо.  Денес таа е главна атракција на Париз, без кој градот на светлината не би можел да се замисли.

 

BeFunky Collage

Taџ Махал

Величествената градба во Индија е всушност мавзолеј направен од страна на императорот Шах Џахан, во чест на неговара жена Мумтаз Махал, која починала раѓајќи го нивното 14то дете.  Шахот имал чуство за естетика, така што сакал за оваа цел да направи најубава гробница каква светот не видел. За изградба тој ги донел најпознатите градители и ѕидари, а самото ѕидање траело 22 години. Таџ Махал е висок 75м, целата е составена од бел мермер, а димензиите на целиот објект се 300м x 560м.

jggjjgg

 

Танцувачката куќа во Прага

Изградена е во 1996г, а проектирана од  Хрватскиот Архитект Владо Милуниќ и американецот Фрeнк Гери.  Како нетрадиционален дизајн во тоа време била контроверзна, бидејќи не се вклопувала во архитектурата на Прага.И ден денес сеуште постојат различни мислења и ставови поврзани со неа, некои ја сметаат за ремек дело, додека други сметаат дека само го уништува традиционалниот стил на Прага.  Стилот во кој е изградена спаѓа во нов барок, поради нејзината необична форма.  Taа сега се наоѓа на монета на Чешката круна и се смета за објект со големо историско значење.  Зградата добила бројни признанија за инзвонреден дизајн.

jjjjjjjjjj