Дали таванот навистина може да се декорира?

Постојат многу предрасуди по ова прашање, па така оние кои сакаат да играат на сигурно најчесто го заобиколуваат плафонот. Но доколку се осмелите да го декорирате, можете да добиете интересен дел од просторот кој е лесен за одржување.

Декорирањето на плафонот не се содржи само од вградување на лустери и светла туку тоа може да биде искомбинирано со тапети или со боење.  Но секако и во овој случај помалку е повеќе па затоа направете паметен избор.

fun-ceiling-instagram-1532728363

Во простори како што се викендици или куќи со поткровја имате идеален начин за тоа како да го решите проблемот со гредите на кровот. Тие не мораат во секој случај да бидат покриени и невидливи. Еден од начините да се справите со ова е да ги обоите и со тоа да дозволете да просторот добие на автентичност.

@scoutandnimble • Instagram photos and videos - Google Chrome