Овонеделна препорака од нашите архитекти – Совети како да уредите мал стан

Малите станови доколку се внимателно испланирани можат да бидат исто толку фукционални како и големите. Денес ќе Ви дадеме неколку препораки од нашите архитекти за тоа како да уредите мал простор.

  1. Палета на бои

Во ваков вид на простори важно е да се користат светли бои бидејќи тие визуелно ќе го зголемат просторот. Препорачливо е да се држите до неутрални палети од класична бела преку драматична сива па се до земјени нијанси, овие палети на ѕидовите и на поголемите парчиња мебел ќе ви дозволат да си поиграте со декоративните елементи во просторот кои ќе дојдат до израз.

HJ

  1. Добро осмислете го просторот

Со внимателно планирање ќе ги избегнете почетничките грешки кои можат да Ве чинат време и  пари. Затоа  добро испланирајте го секој дел од Вашиот дом со оглед на тоа што во малите станови една просторија може да служи за повеќе намени. Тоа што живеете во мал простор никако не значи дека мора да се ограничите на најосновното. Создадете драматичен простор, искоритете боја за да нагласите одредени детали, поиграјте си со распоредот, извлечете максимум без да ја жртвувате удобноста.

  1. Вложете во повеќенаменски парчиња мебел

Повеќенаменскиот мебел е се попопуларен поради неговата функционалност. Доколку добро ги распоредите, клуб масичката може да послужи и како место за одлагање на некои предмети или кaучот кој има повеќе фиоки и полици освен својата  основна фукнција може да послужи како место за складирање и декорација.

Scaffold-Sofa-Wewood

Стилот и добриот вкус никако не треба да бидат ограничени со малиот простор. Потрудете се Вашиот дом да ги содржи овие три карактеристики а тоа се, удобност, функционалност и добар стил.