Фенг Шуи – 8те нивоа на знаење

Фенг шуи доаѓа од кинескиот кантонски дијалект и потекнува од зборовите фенг (ветер) и шуи (вода), кои еволуирале во денешната форма. Некои велат дека фенг шуи претставува и правилно сместување. Но сите се согласуваме дека целта на фенг шуи е создавање на поздрава и похармонична животна и работна средина, што придонесува да се подобри здравјето и просперитетот и да се обезбеди изобилство на семејството.

Фенг Шуи  може грубо да се подели на осум нивоа на знаење, коишто треба да се разгледаат. Тие можат да се применат и на веќе постоечка или испланирана зграда.

  1. Дејството на неопходна космичка чи (позитивна енергија) и на кислородот врз подобрувањето на виталноста и на здравјето (најважните фактори на фенг шуи).
  2. Поларниот принцип на јин и јанг – за хармонија и за рамнотежа.
  3. Принципот на петте елементи – за ментален, емоционален и за физички баланс и хармонија.
  4. Фенг шуи на макрокосмосот – ги проучува астрологијата и космологијата и го испитува влијалието на планетите врз нас. Нивната примена се согледува во употребата на древниот кинески фенг шуи компас, за интуицијата да го пронајде најсоодветното место за да се постави влезната врата или да се утврди на кое место во куќата е најдобро за спиење.
  5. Фенг шуи на микрокосмосот – ги проучува природните предели, реките, езерата, морињата/океаните, ридските и планинските формации, градбите на оддалеченост од 1 до 6 километри од некој објект.
  6. Фенг шуи за непосредната околина – ја проучува околината во рамките на еден километар оддалеченост на некој објект.
  7. Фенг шуи за земјиштето и структурален фенг шуи, чи(позитивна енергија) шиа чи (негативна енергија) – се проверува земјишната енергија, дали тоа земјиште било користено за погребување, ритуали и сл. Дали има присуство на токсични хемикалии или други електромагнетни зрачења од земјата.
  8. Непосредната околина на куќата или станот – тоа е најважниот сегмент на фенг шуи. Проверете го нивото на космичката чи во секоја соба. Наједноставен начин да проверите како тече енергијата низ домот е да замислите како би течела вода низ тој простор. Каде би течела без престан, убаво освежувајќи го домот, а каде би била заглавена.