Интересни факти за едни од најпознатите градби во светот

Пирамидите во Египет
Пирамидите првично биле прекриени со сјаен мермерен слој. Тој допринесувал кон нивната монументалност и вистински ја праставувал големината на фараоните. Тие со тој слој би биле видливи дури од планините во Израел. Но за жал овој слој е разрушен за време на земјотрес кој ги има зафатено во 1301 година.

egyptian-pyramids-hero

Саграда Фамилиа
Оваа катедрала е започната со изградба за во 1882 година. Нејзиниот креатор, Антони Гауди, предвидувал дека со технологијата која постоела во 19тиот век, би биле потребни 400 години за таа да се изгради. Бидејќи изградбата се финансира од донации тие уште повеќе го одложуваат времето за изградба. Благодарение на модерната технологија до  денес таа е 70% завршена и се очекува да биде готова до 2026 година, на стогодишнината од смртта на Антони Гауди.

tour_img-344192-148

Статуата на слободата САД
Креатор на статуата е Федерик Бартоли, кој статуата ја правел според свои блиски примери. Лицето е мотивирано од неговата мајка, додека телото од неговата сопруга. Додека внатрешноста на кулата била дизајнирана од Густав Ајфел, креаторот на Ајфеловата кула.
Таа е подарок од францускиот народ по повод склучување на сојуз помеѓу двете држави.
Статуата е градена цели 9 години и е составена од 350 индивидуални парчиња. Бојата на статуата не била зелена, ниту пак идејата била таа да биде зелена. Зелена е поради оксидацијата на бакарот од кој е  направена.
89721987-1DD8-B71B-0BE77EEAE39E0520