Најдобрите бои за спална соба

Кога избирате боја за спалната соба, немојте одлуката да ја оставите на случаен избор. Спалната соба е место каде се одмарате после напорниот ден, а добриот сон е неопходен за добро здравје и справување со секојдневните обврски. Затоа, бидете внимателни кога избирате боја која ќе доминира во оваа соба, изберете боја која ќе ве релаксира и смири… Изберете боја која ќе ви овозможи длабок сон. Бидејќи сите ние сме различни помеѓу себе, бојата на нашата спална соба треба правилно да ја избереме во согласност со нашите интереси и потреби.

Еве неколку бои кои може да се употребат во спалната соба, со цел да создадат амбиент за релаксација, смирување и подобрување на расположението.

 

Сина

Дава чувство на свежина и прозрачност. Таа ќе помогне да се опуштите и да добиете нова енергија. Истражувањата покажуваат дека луѓето со сини спални соби спијат највеќе, 7 часа и 52 минути по ноќ. Сината боја се поврзува со тишината и тоа може да го намали вашиот крвен притисок. Повеќе од половина од луѓето кои спијат во сини спални соби велат дека редовно се будат среќни.

gallery-1439305529-blue-living-room

 

Жолта

Изненадувачки, втората најдобра боја за спиење е жолтата. Сончевата боја го стимулира нервниот систем, поттикнувајќи релаксација. Жолтата боја ќе побуди чувство на оптимизам и среќа.

e8c6ed937b741f5948f27576aa1721e6

 

Зелена

И зелената боја не е случаен избор. 22% од испитаниците кои спиеле во зелена спална соба изјавиле дека се разбудиле позитивни и оптимистички. При влегување во соба во која доминира оваа боја ќе имате чувство дека сте во природа која ви носи мир и спокој. Светло зелената има позитивна енергија која се поврзува со свежина, пролет, бујност, живост.

miles-redd-8

 

Портокалова

Нијансите на портокалова боја создаваат топлина за мускулите и овозможува тие да се релаксираат, што е од суштинско значење за квалитетен сон. Од друга страна, портокаловите нијанси помагаат во варењето на храната – особено ако сте јаделе обилна вечера.

e482fbc0035fd973b964225383fcc4b0

 

Виолетова

Се сретнува и под називот “кралска” боја, па така освен отпуштањето, ќе може да се почувствувате амбиент на богатство и раскош кој го носи со себе. Но, бидете внимателни со изборот на оваа боја, затоа што оваа боја е многу ментално стимулативна, што може да ви донесе потешкотии во одмарањето после напорниот ден. Најпрвин оценете дали оваа боја е соодветна за вас.

purple-bedroom-ideas2

 

Боја на праска

Уште една боја која е одлична за вашата спална соба. Бојата на праска е модерна, шармантна и обезбедува весела и свежа енергија. Има многу нијанси на оваа боја, одлучете се за онаа која најмногу ви одговара.

modern-mid-cenutry-coral-peach-bedroom