Што се топлински мостови?

Што се тоа топлински мостови?

  • Тoплински мостови се делови од обвивката на зграда каде што има зголемени протоци на топлина. Обично настануваат на местата каде има материјали со различен коефициент на топлинска спроводливост во надворешната конструкција (пр. Бетонски столб и ѕид со тули), различна дебелина на некој материјал или разликата меѓу внатрешната и надворешната површина на пр. Врска ѕид-под-таван. Заради овие топлински разлики, доаѓа го кондензација и се јавува влага во домовите, а со тоа и мувла и сето тоа влијае и те како на здравјето и на удобноста на живеењето.

Најчести места во домот каде се јавува топлински мост?

  • Топлински мост под балконската врата:

1

2

*потемните линии се поладни и претставуваат топлински мост

 

  • Топлински мост на целата линија на носачот на обзидана фасада

3

 

4

*Црвените нијанси се потопли и претставуваат топлински мост

 

Кај вертикални конструкции (ѕидови), топлинските мостови не се дозволуваат, а на местата каде што не може да се избегнат, се пропишуваат максимални вредности на кофициентите на премин на топлина. За енергетската ефикасност на градежите објекти, топлинските мостови имаат значајна улога, особено кај добро изолирани градби.

Кои причини кои доведуваат до топлински мостови?

  • Кажавме дека топлинските мостови се „слаби места“ во топлинската изолација на објектот, каде заради разни причини истата се намалува, се прекинува воопшто ја нема или има премин од еден во друг тип на материјал. Причините кои доведуваат до топлински мостови се:
  1. Геометриски – места каде изолацијата го менува својот правец, состав или дебелина (агли, стреи, греди и столбови, монтажа на прозори и сл.)
  2. Контруктивни – места каде конструктивни елементи од објектот ја пробиваат изолацијата (најчесто балконски конзоли и греди)

Геометриски топлински мостови најчесто се места со намалена топлинска изолација, додека конструктивните топлински мостови по правило се целосно неизолирани места. И во двата случаи, резултатот е ниски температури од внатрешната страна на елементите.

Кое е решението за проблемот со топлинските мостови?

  • Зависно од типот на проблемот, пристапот е различен кога станува збор за решавање на топлинските мостови. Важно е дека со добро планорање, со употреба на вистински материјали и со прецизно изведени детали може да се справиме со ова. При градењето на објект, важно е уште при проектирањето, со разни архитектонски и конструктивни мерки, долгите топлински мостови да се сведат на што пократки, да се доведат до т.н. точкасти топлински мостови. Ова е најважниот чекор.
  • Следниот чекор е решавање на деталите за оние линиски топлински мостови, кои и покрај големата желба да ги отстраниме, останале да пркосат. Овие се за нијанса поедноставен проблем од проблемите кај онсруктвните топлински мостови. Со мали мајстории и квалитетни материјали се решаваат овие проблеми.
  • Кога станува збор за коструктивните топлински мостови, тие се проблем кој е навидум нерешлив, со оглед на тоа дека се работи за балкони и стреи. Но денес на пазарот секојдневно се појавуваат се поквалитетни материјали токму за такви намени, кои имаат висока моќ на изолација, што значи дека и овој проблем не треба многу да се заплашува.
  • Најголемо внимание треба да се посвети на инсталацијата на прозорите. Сите истражувања на пазарот покажуваат дека сериозни топлиски мостови се јавуваат токму кај прозорите, од следните причини: една е монтажата на прозорите во ѕидот, друго е стаклото што се наоѓа во рамката на прозорецот. Секогаш мора да внимаваме какви прозори одбираме и како тие се вградуваат во ѕидовите.

Во самото проектирање на нашиот станбен објект на ул. Вера Јоциќ бр.9 се елиминирани овие топлински мостови и станува збор за објект со енергетска А-класа. Сите материјали кои се употребуваат при градењето се со висок квалитет, така што има висока изолација и трошоците за живеење се сведени на минимум. Затоа, погрижете се да инвестирате во нешто што е трајно.

Градиме како за своја душа.

Leave a Reply