Во денешно време на динамично секојдневие, со гужви и трчаници, секој човек тежнее да избега од градскиот метеж, но сепак да биде не е многу далеку од своето работно место и централното градско подрачје. Зарем не е идеално? Ние ви го овозможивме токму тоа. Изградивме станбен објект на одлична локација за сите оние кои сакаат да живеат во помирна населба, но сепак да се на неполни 10тина минути до центарот на градот.
Размислувавме како на станарите да им ги пружиме предностите што ги нуди периферниот стил на живеење, а сепак да не мора за секоја мала потреба да користите превоз. Токму тоа го постигнавме со изборот на локацијата и изградбата на нашиот објект во населба Црниче, на ул. Банско 9.
Мирна средина, со чист воздух, многу зеленило и голем број на игралишта каде може да го поминувате времето со вашите најмили. Кога одите низ населбата имате чувство како да не сте во Скопје, туку како да сте во некое мало градче, каде се живее мирно и без гужви. Со оглед на тоа дека објектот не е на прометна улица, ваквата средина е безбедна за вашите мали деца кога си играат надвор. Чистиот воздух навистина се чуствува и веднаш на 3км оддалеченост се наоѓа средно Водно, што е одлично за оние кои сакаат рекреација и пешачење.
Чувството на пријатност и топлина на дом се создава уште на самиот влез на зградата, со убав модерно дизајниран влез и понатаму кога ќе влезете во зградата, движејќи се низ ходниците со автоматски светла по скалите како и функционалниот и модерен лифт, кои го олеснуваат секојдневието на станарите. Самата зграда има модерна фасада, која се истакнува во околината и овој објект го прави единствен, а становите во неа имаат големи прозорци од каде има неверојатен поглед кон градот, особено навечер кога светлата на градот создаваат магија која не се опишува, мора само да се види и доживее. Станарите, нивните деца и најмили уживаат во удобноста на нивните домови кои се проектирани со максимално искористена површина, со многу природна светлина и со природна вентилација. Нема загуба на површини и има вградени елементи на фенг шуи.
Писмените препораки од нашите задоволни клиенти се причина плус за Вашиот иден дом да го купите токму кај нас.
Градиме како за своја душа.