Индустриски стил за уредување на домот

Индустрискиот стил како таков за прв пат се појавил во 60тите години во Америка во Њујорк каде што напуштените фарбрики почнале да ги преуредуваат во станбени простори. Ваков вид на станови најчесто се појавува во урбаните делови и се карактеризира со големи простории и високи плафони, но може да послужи и како инспирација за уредување на помал дом.

caramel-leather-chesterfield

За да се постигне чуство на индустриски уреден простор обично се користат неутрални нијанси како што е сивата, земјени нијанси и природни тонови.  Со овие едноставни бои и разни декорации ќе му се даде живост на просторот. Неутралната боја на ѕидовите придонесува чуство на поголем и поотворен простор. Исто така облежје на овој стил се и ѕидовите од цигла, едноставни метални конструкции на скалите, во декорациите, лустерите и слично како и употреба на природни матерјали. Пристутна е и голема количина на природна светлина која доаѓа од големите прозорци. За индустрискиот стил е сосема нормално дури и пожелно да се гледаат цевки од парно, вода и слично. Подовите се по правило дрвени за да донесат повеќе автентичност на просторот но и за да можат да го направат полесен за загревање.

furniture-cool-apartment-loft-with-british-rug-and-guitar-also-throughout-loft-furniture-15-ideas-about-loft-furniture-and-decorating-ideas

Во секој случај овој стил може да го направи Вашиот простор поинаков од конвенционалните начини на уредување каде што ќе можете да ја искажете Вашата оригиналност и креативност.