15 прашања за Васе Миланов

15 прашања за Васе Миланов
Owner&Director во РОЈАЛ Васе ДООЕЛ

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Градежништвото е дејност која зад себе остава физички докази. Најголемо задоволство ми претстваува кога ќе поминам покрај некој објект кој ние сме го изведувале. Што значи добро сме ја изменаџирале неговата градба.
Менаџментот во градежништвото не се однесува само на добра организација на градилиштето, туку и на ниво на цела фирма.

rojalvase-slika-intervju2
На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Дефинитивно капитен на тимот. Во тимот треба да се има и млади и повозрасни. Синергијата е поголема со разновидноста на тимот.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец?

Јас би рекол војсководец. Ликот на татко е премногу емотивен и близок со своите деца. На работа треба да се создава близина и фамилијарност, меѓутоа преголемата неформалност може да создаде и проблем. Најдобро е да се одржува златната средина.

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „воркохолици„?

Не би рекол. Успехот на еден менаџер не треба да се гледа само преку успехот на работа. Треба да се прави баланс меѓу енергијата што се вложува на работа и енергијата што се вложува во домот, фамилијата. Затоа што, еден човек никако не е успешен доколку создаде кариера, а ја изгуби фамилијата.

Се чувствувате ли вие така?

Успехот кој го имаме создадено е резултат на вложена голема енергија во работата. Меѓутоа, голема енергија имаме вложено и во домот, во фамилијата.

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Ние се трудиме и најчесто секогаш успеваме работите да ги завршиме навремено. Не дозволуваме да нé притисне deadline-от.

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

Бизнисот секако дека е натпревар. Доколку престанеш да се натпреваруваш, го губиш натпреварот. Колку поголема амбиција, толку повеќе се натпреваруваш.

Конкуренцијата – пријател или непријател?

За секого има место под сонцето. Ние не се занимаваме многу со конкуренцијата. Добриот производ и квалитетот никогаш не можат да изгубат. За нас поважно е ние да сме конкурентни на пазарот, отколку тоа колку конкуренцијата е конкурентна.

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Малце ќе погледнам од градежен аспект – Не е само до квалитетниот материјалот, туку и до начинот на кој тој се вградува.

Како „пливате„ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Ние сме фамилијарна фирма. Синот и ќерката исто така се во фирмата. Ние постојано сме заедно. Јаките врски и слогата внатре што ја имаме ни дава сила за успех и на деловно и на приватно ниво.

Во атмосверата на кој ресторан се чуствувате свој?

Најудобно се чувствувам во домашна атмосфера кога готви сопругата, а на ручек се дојдени синот со снаата и внуката и ќерката со зетот. Кога ручекот се одвива кај нас во двор и сите сме собрани заедно.

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Од пасивно некако преминав во стравствено следење на тенис.

Филм или театар?

И двете си имаат своја убавина. И двете ги сакам и ги гледам. Навистина не би можел да се одлучам овој пат.

Книга за на плажа?

Книга што црпи извори од случки што се вистинити.

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери…

Мислите кога работите, а не да му ја мислите кога ќе сработите. Што е можно повеќе делегирајте, но никако не губете ја контролата. Оставете другите да работат, Вие само контролирајте. Бидете менаџер, а не работник.

link: http://www.clubeconomy.com.mk/vest.aspx?id=5143